Питер Фјури: Не е чесно и не е професионално што ИБФ сака да му го одземе појасот на Тајсон

Fjuri pred kameri

Питер Фјури, тренер и чичко на светскиот шампион во супертешка категорија на WBA, WBO, IBF и IBO Тајсон Фјури, изјави дека неговиот пулен е исклучително среќен поради тоа што ќе има реванш меч со Владимир Кличко. Во исто време тој ја критикуваше IBF поради намерата на организацијата да го лиши Тајсон од шампионскиот појас во оваа верзија. Меѓународната боксерска федерација не и одговара тоа што Фјури ќе има реванш со Владимир Кличко, наместо да се бори со задолжителниот претендент Вјачеслав Гласков.

„Ние сме на седмо небо. Тајсон многу се радува што Кличко сака да го искористи своето право на реванш. Тие двајцата се најдобри боксери во тешка категорија во светот и е одлично што повторно ќе се сретнат во рингот. Знам дека Кличко ќе биде подобар следниот пат, но ниту јас ниту Тајсон сме вознемирени. Јас реков по натпреварот дека Тајсон покажа едвај 60% од она на што е способен. Значи ние со нетрпение очекуваме реваншот, кога тој ќе има шанса да ги покаже сите 100%. Кличко ќе ја подигне формата, но Тајсон ќе биде на уште повисоко ниво, што ќе ја направи борбата многу интересна“, изјави Фјури.

„Ако IBF ни ја земе титулата во овие околности, таа ќе се покаже во срамно светло. Ова е шокантна вест. Мислам дека тие не знаат што се случува. Кога ние се договоривме за натпреварот со Кличко, од неговиот тим побараа во договорот да биде вклучена клаузула за реванш. Тоа е нормална тактика во големите дуели за шампионските титули. Тој ја користи оваа точка и ние не можеме да ги задоволиме IBF. Тајсон треба да се бори со Кличко.

Мислам дека ова е апсолутно неправедно и непрофесионално од страна на IBF, бидејќи Тајсон едвај во саботата стана светски шампион. Тие не ни дадоа никакво време. Тие треба да бидат задоволни дека појасот е кај него и тој ќе одржи уште еден голем меч, од кој победникот ќе стане носител на појасот. Ние ќе бидеме среќни да ја спроведеме задолжителна одбрана на титулата, но тоа не може да се случи пред реваншот со Кличко – тој е прв на линија. Ние сакаме да се бориме со задолжителниот предизвикувач, но не сакаме да ни го одземат појасот во спротивност со правилата“, категоричен е Питер Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON