Сртужани настапија со одбрана екипа на Државното првенство во џудо за пионери и јуниори во Битола, па така џуидстите Дрим во конкуренција на пионери освоија пет медали – 3 златни и 2 сребрени со осум натпреварувачи.
Златни медали освоија Андреј Симоноски (-38 кг), Христијан Тодев (- 60 кг) и Христијан Глигороски (-66 кг), додека сребрените се за Марио Нелоски (-34 кг) и Божидар Донески (-38 кг).
Во конкуренција на јуниори Дрим настапи со еден натпреварувач, но не освои медал.
Од ЏК Дрим велат дека шсте еднаш докажаа оти се во врвот на џудо спортот во Македонија.
Ipon.mk/В. Д.