Утре во Штип на спектакуларен начин ќе заврши настапот во оваа сезона на Пинк Пантер во Регионалната бокс лига (РБЛ) со Металац од Ваљево, Србија.
„Ќе бидеме задоволни и со нерешен резултат, бидејќи гостинската екипа е многу поискусна и со многу добри боксери, а нас во континуитет не следат повредите. Утре нема да настапат повредените Гоце Јанески и Марко Доциќ“, вели тренерот на штипјани Ристе Грбев кој се уште не може да го дефинира составот за утрешниот меч.
Пантерите направија преседан организирајќи го мечот со Лозница под шатор во хотелот Ваго, но тоа беше нешто спектакуларно кое не беше видено на овие простори. Со профи осветлување, димни ефекти, угостителски услуги, однонсо гледање од маса, како на големите мечеви.
Покрај мечот Пинк Пантер – Металац, утре ќе се одржи последното коло на Првата и Младинската лига со почеток во 15 часот.
Ipon.mk/В.Д.