Пинк Пантер ја забележа првата победа во Регионалната бокс лига против Славија од Бања Лука со 10-6. Мечот го одлучуваше капитенот Димитар Ташков кој супериорно го доби противникот со технички нокаут. Во вистинско светло се покажаа дебитантот Јасин Лама, Денис Муаремовски кој досега ја покажа најдобрата и најзрелата борба, како и Гоце Јанески.
Вечерва во Штип на отворената сцена на мултимедијалниот центар Канал 77 гледавме одличен бокс во амбиент за паметење.
Според тренерот Ристе Грбев, резултатот е во рамките на очекуваното.
-56 кг Александар Ристовски – без противник 3-0
Ристовски немаше противник и борбата ја доби со службен резултат 3-0, со што Пинк Пантер на стартот поведе со 2-0.
-60 кг Јасин Лама – Никола Ивановиќ 3-0
Лама и Ивановиќ се покажаа како цврсти боксери, при што гостинскиот боксер демонстрираше завидна брзина проследена со аперкати во првата рунда. Во втората, Јасин ја загреа публиката откако проработи неговата левица, иако противникот тргна агресивно. Поради нечиста борба Никола доби јавна опомена. И во третата Ивановиќ тргна агресивно, но, понесен од публиката, Лама даваше се од себе и до крајот боксираше тактичи задавјќи директи со левицата. Лама дебитираше со победа, што се покажа вистински погодок за Пантерите.
-64 кг Денис Муаремовски – Слободан Јекиќ 3-0 (ТКО, Р2)
Денис Муаремовски тргна жустро и зададе неколку удари, Јекиќ се обиде со крошеа да го запре налетот на битолчанецот, но тој беше неуморен до крајот на првата рунда. И во втората Денис боксираше маестрално, врзувајќи по два до три удари во серија. Но во паузата меѓу втората и третата рунда гостинскиот тренер ја фрли крпата и го предаде мечот. Муаремовски доби заслужени овации, а гостите без причена се повлекоа.Иако нивниот тренер викаше на судијата крај рингот: „Дали сакаш да го убие“!
-69 кг Дејан Ристевски – Јован Стјепановиќ 0-3
Ристевски и Стјепановиќ почнаа рафално, за потоа да ја смират борбата и да ловат контри. Втората рунда гледавме тактички бокс, а Јован имаше малку попрецизни удари. Стјепановиќ ја користеше предноста на подолгите раце за да зададе неколку прецизни директи, а Дејан се обидуваше да возврати со контра удари. Јован доби заслужена аплауз од штипската публика.
-75 кг Гоце Јанески – Един Сејдиновиќ 3-0
Првата рунда помина во испитување на силите. Борбата се водеше од дистанца, а Сејдиновиќ покажа дека се работи за добар борец. Знаејќи дека Гоце е подобар во борба од блиску, Един го држеше Јанески на дистанца и со брза контра ги одбиваше нападите. Во третата рунда видвоме квалитетен бокс, а Јанески тргна поофанзивно и имаше неколку прецизни удари. Но, Сејдиновиќ покажа дека е голем техничар со опасен контра аперкат. Публиката го награди со огромен аплауз. Гоце ја доби борбата со едногласна одлука на судиите. Сејдиновиќ е носител на сребрен медал од Европско првенство за јуниори, а има учествувано и на СП. Тој е позајмен од Словенија за Славија.
-81 кг Никола Арсов – Петар Мавковиќ 0-3
Мавковиќ ја доби борбата без борба, бидејќи не се појави на рингот.
– 91 кг Марко Доциќ – Зоран Радиќ 0-3
Тактички бокс прикажаа тешкашите во првата рунда, демонстрирајќи техничка поткованост и двајцата. Во втората рунда имаше размена на удари, но повторно од дистанца. Радиќ во последната минута од борбата тргна поагресивно и зададе 3-4 прецизини удари, кои, всушност му ја донесоа победата.
+91 кг Димитар Ташков – Бранислав Даниловиќ 3-0 (ТКО, Р1)
Ташков одлучуваше за победата на Пинк Пантер. Ташков тргна силно имаше неколку серии, а при една му броеја на противникот. Но и Даниловиќ имаше две прецизни контри. Госинскиот боксер при карјот на рундата се обиде да зададе силен аперкат, но го начека со десен аперкат и го прати на подот. Добра борба. На паузата гостинскиот тренер ја предаде борбата.
Пинк Пантер – Славија 10-6
-56 кг Александар Ристовски – без противник 3-0
-60 кг Јасин Лама – Никола Ивановиќ 3-0
-64 кг Денис Муаремовски – Слободан Јекиќ 3-0 (ТКО, Р2)
-69 кг Дејан Ристевски – Јован Стјепановиќ 0-3
-75 кг Гоце Јанески – Един Сејдиновиќ 3-0
-81 кг Никола Арсов – Петар Мавковиќ 0-3
– 91 кг Марко Доциќ – Зоран Радиќ 0-3
+91 кг Димитар Ташков – Бранислав Даниловиќ 3-0 (ТКО, Р1)
Ipon.mk/В.Д.