
Боксерите на Пинк пантер викендов Меѓуанродниот куп „Коменда“ во Словенија освоија 5 медали – 3 златни и 2 сребрени. Во екипна конкуренција Пантерите го освоија второто место.
Златни медали освоија Иса Бајрам, Марко Чурлиновски и Кристијан Штрков, а Зулфиќар Бајрам и Али Расимов сребрени.
Според информациите од клубот, најдобар впечаток оставил Иса Бајрам кој во првата рудна го нокаутирал Зазхир Рамизов, а Марко чурлиновски го победил Коловит.
На турнирот настапија репрезентации на Чешка, Словачка, Австрија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Словенија.



