Нови проблеми со властите за Александар Емелијаненко, за кого не помина многу време откако е излезен од затвор. Денес, медиумите во Русија објавија дека Александар бил уапсен од страна на полицијата, откако возел пијан и удрил во два автомобила.
Еве го видеото од апсењето:
https://twitter.com/DenisGeykoRT/status/1101555398090387456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fpiyan-do-kozirkata-alexander-emelianenko-se-vryaza-v-dve-koli-i-beshe-arestuvan
Се чинеше дека Александар драстично се променил. Од септември 2017 до август 2018 година тој имаше шест борби без пораз, а физичката форма можеби никогаш не била толку импресивна. Забележително е дека тоа е петтиот случај во кој Емелијаненко паѓа во неволја поради проблеми со алкохолот.
Сé уште не е јасно какви ќе бидат последиците за него, но со оглед на неговото минато, нема да му помине туку така. Требаше да се бори во мај против Франсимар Баросо во главната битка на РЦЦ 6, но се чини дека тоа нема да се случи.