ПетУтонг или Кванмаунг е добитник на најпрестижната награда за најдобар борец на Тајланд.
Постојат голем број на избори, но најценета е награда на тајландските спортски новинари.
Победникот го бираат петнаесет новинари и ПетУтонг победи пред Пернкун кој славеше во неколку избори. Во предвид влегуваат битките од април до март следната година.
ПетУтонг своето спонзорирана презиме или Кванмаунг го зема од сегашниот гувернер на Бангкок Асвин Кванмаунг, поранешен шеф на полицијата во главниот град на Тајланд.
ПетУтонг во април 2016 година во третата рунда го нокаутира поранешниот шампион Лумпини Саен. Тоа му беше единствената борба во текот на минатата година на тој стадион.
Потоа на Раџадамнерн на поени го доби Бангпленои, за во септември со прекин во четвртатао рунда го победи поранешниот шампион во Тајланд и Лумпини Каевкангван.
Во последната битка во 2016 година ПетУтонг против Суперлека Киатамо9 ја освои шампионската титула на Раџадамнерн во категоријата до 59 килограми.
Во февруари оваа година со спектакуларен нокаут со лактот го победи поранешниот шампион Раје Каимоокао од Печјинди џим.
Но, борбата која најверојатно ја однесе победата на негова страна се одржа на 2 март на Раџадамнерн кога во првата рунда го нокаутира, по многумина, најдобриот мај тај борец на денешнината Панпајак.
https://youtu.be/gjHHbtNiH3A
ПетУтонг следниот пат влегува во рингот на 6 април во реваншот против Панпајак.