Пеце Наумовски: Станав шампион на Австралија во карате како Александар Македонски (ФОТО)

Pece Naumovski prv vo Avstraliija na piedestal

Пеце Наумовски вели дека e Александар Македонски на денешнината – заради освојувајњето на шампионската титула на Австралиското национално карате (АКФ) првенство 2016.

Оваа година се покажа многу успеша за Пеце Наумовски со освојувањето на сите квалификациски карате турнири, враќајќи се со златен медал од Превнството на Викторија во март. Оттогаш ги интензивираше тренинзите за да ја подбобри неговата изведба и да усоврши брзиот напад, како и неговиот разорен ножен удар.

Pece Naumovski so medalite

„Имав само една работа на ум по освојувањето на државната титула на Викторија, да станам шампион на Австралија, но и да ме препознаваат и во сениорска конкуренција“, рече Пеце.

Пеце го освои Австралискиот национален шампионат со стил, како што беше во квалификациите со брзина и техника за да заработи два златни медали до 21 година до 67 кг и во сениори во ситата категорија.

„Да се биде најдобар треба да дадеш се од себе за својата цел. Треба да живееш, дишиш и размислуваш за тоа во секој момент од денот, се додека не го проголташ сето тоа. Тоа е како кога знаеш дека си подготвен да влезеш во рингот без да зажалиш“, истакна Пеце.

Pece Naumovski so osvojuvacite na medalite

„Денес влегов во рингот како Александар Велики од Македонија; Јас победив во секоја борба, како тој што победувал во секоја битка. Ги користам силата и тактика за да ги надминам сите пречки“, вели Пеце

Пеце се надева дека ќе патување во Токио 2020 година на Олимписките игри и дека оттаму ќе се врати со насмевка.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО