Златко Петровски го предизвикува сограѓанинот Дејан Стефаноски од Велес со борба да ги расчистат сметките поради изнесените навреди на Фејсбук профилот на Стефаноски.
Сетфаноски ги омаловажува успесите на ММА сцената на Петровски, кој до овој момент е непоразен.
„Сите знаат кој каков борец е, јас не се плашам никогаш од противниците, ќе се борам со тебе, немај гајле“, пишува Стефаноски по предизвикот!
„Златко Петровски е борец кој одбира противници. За првиот противник во Бугарија лажесе дека имал 20 победи. Неговиот противник немаше ни еднаа аматерака борба, а не профи. Следната борба во Велес, исто така противникот му беше без борби. По Германија се бореше со противник полесен од него, а детето имаше 1 борба и таа му беше изгубена. Кога дојде ред да се бори во Германија, пак не отиде, зошто противникот му беше јак во бразилско џиу џицу. И, за да не се бори таму прифати да се бори во Битола со противник кој има 60 кг со се патики. Исто и тој противник немаше борба. Што фазла треба да зборуваме? Ако не друго, моите противници биле искусни. Тоа можам да го докажам со скор на Шердог. Е.го, некои сакаат да бидат како мене, ама не можат да ме стасаат никогаш, зошто јас наскоро ќе имам борби на места за кои тој може да сонува да се бори таму“, вели Стефаноски на ФБ.
„Ја предизвикувам оваа црна „кучка“ на борба во секоја категорија што ќе посака. Дејан Стефановски, тој е лажен ММА борец кој никогаш нема да добие борба со мене, затоа што тој е уплашена кучка. Знаете ли каде има ММА настан на 2 февруари, сакам да се борам со него или каде сака да го тагнам на ФБ, но тој ме блокираше, затоа што навистина има страшен задник на кучка и тој знае дека тоа ќе му биде последната рунда со мене“, му врати Петровски на Стефаноски на својот ФБ профил.
Петровски искажува голема благодарност до Тим Кобрас, како и на тимот од теретаната Магнус Андреј Георгиев, Брацо, Адријана Тасиќ, Дејан Митровски – Урко и Роби Кредок, за соработката што ја имаат.
Ipon.mk/В.Д.