Таеквондо клубовите Петровец и Делини Илинден учествуваа на 2 интернационален семинар во Велинград, Бугарија. од 03-09 јануари. ТК Петровец учествуваше со три уцесници Иво Сандев, Ива Сандева и Леотрим Ливорека, додека ТК Делини Илинден со двајца Давид Костадиноски и Марија Пешевска.
Семинарот е организиран ТК Ји до кван од Софија, под раководство на гранд мастер Сакис Циобаноглоу, носител на мајсторски појас 8 дан, од Грција, со околу 140 учесници.
Од Петровец и Илинден Делини велат дека тренинзите се одвивале два пати двевно, наутро и навечер по два ипол часа. На нив се работело на физичката подготвеност на натпреварувчите, спаринг и тренинг програма за достигнување на врвни резултати. На семинарот учествуваа девет земји: Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Украина, Белорусија, Молдавија и од Дубаи.
„Покрај семинарот се стекнавме со голем број на нови пријателство, со кои веќе се договорија голем број на активности и соработка за во иднина“, велат мајсторите Ацо Атанасов и Александар Велјановски.
Ipon.mk/В.Д.