Петмина кикбоксери ќе ги одмерат силите со светската елита на Светскиот куп во Италија

Кик бокс репрезентација на Македонија составена од 5 натпреварувачи, 4 тренери и 2 помошници од 4 македонски клубови, отпатуваа на Италијански Светски кик бокс куп кој ќе се одржи од 5 до 9 март во Лидо Диесоло, Италија.

Експедицијата ја предводи претседателот Дејан Митровски – Урко, а во нејзин состав се Марија Димовска, Максим Митровски, Давид Атанасовски, Данило Методиевски и Андреа Георгиевска, заедно со тренерите Атанасовски, Димовски и Крстевски.

На овој престижен кик бокс Светски куп учество ќе земат 1987 натпреварувачи во 3117 влезови од 387 клубови од 46 земји од светот.

Воедно, како дел од судискиот тим ќе настапат и нашите судии Елена Неделковска и Никола Бубевски.

Италијански светски куп:
Кик лајт
Постари кадети
-57 кг
Давид Атанасовски

Лоу кик
Постари јуниори
-60 кг
Марија Димовска
Андреа Георгиевска

-71 кг
Данило Методиевски

Сениори
К-1
-75 кг
Максим Митровски

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО