Петар Заборски: Среќен сум што денес покажав дека сум подготвен и за најголемите светски натпревари во карате!

„Годината штотуку започна и среќен сум што овој почеток на Новата година го крунисав со медал од Светската карате лига, каде се натпреваруваат најдобрите каратисти од целиот свет“, вели освојувачот на бронзениот медал на Карате 1 Серија во Атина, Петар Заборски од Макпетрол.

За тоа како е да се стигне до медал на вака силни натпревари Заборски вели:

„Секако, да се стигне до медал на вакви светски лиги не е лесно, треба да  поминат периоди на секојдневни тренинзи и откажувања, за потоа да дојде успехот, кој за мене е една силна мотивација да продолжам со истото темпо. Се надевам дека оваа, а и другите години, ќе бидат „мои“, со оглед на мојата силна  посветеност на овој убав спорт“.

А дали беше тешко да совои медал среде Атина против домашен каратист?

„Во борбата за третото место (бронзениот медал) , влегов сосема сконцентриран и опуштен, со оглед на мојата физичка и психичка подготвеност, а, секако, и познавајќи ги тактиките на мојот противник. Не покажав ниту малку дезориентираност, ниту конфузност, туку со една тактичка подготвеност успеав да го победам противникот со 1-0, а тоа значеше и освојување на бронзата. Мислам дека одлучувачка беше мојата физичка и техничка подготвеност, секако и психичкиот момент, кој е многу важен во овој спорт. Ги почитувам сите натпреварувачи и противници подеднакво и секој од нас сака да стане медалист. Но, среќен сум што денес покажав дека сум подготвен и за најголемите светски натпревари во карате“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON