Карате репрезентативците на Макпетрол Петар Заборски и Петар Спасеновски имаа петдневни заеднички подготовки во Подгорица со КК Омладинац од Црна Гора и репрезентатиивци од Хрватска, Косово и Албанија за Европското сениорско првенство во Баку, Азербејџан, од 25 до 29 март.
Инаку, Омладинац е најдобриот црногорски клуб со многу европски и светски медалисти.
Од викендов Заборски и Спасеновски, како и Сара Радичевска, Симона Заборска и Ангела Мојсовска се ставаат на располагање на селекторот Сашко Арсовски.
Целта е на ЕП да се освои медал.