АктуелноДомашна сценаКик бокс

Петар Велков е избран за спортист на годината во Струмица, Зоран Спасовски и Атанас Василев тренери на годината

За спортист на годината во индивидуален спорт на Струмица е прогласен кикбосерот Петер Велков  од КБК К1 Арена.

Спортист на годината во екипен спорт во женска конкуренција е Софија Пандева од ОК „Наковски волеј“, спортист на годината во екипен спорт во машка конкуренција е Филип Маџунков од ОК „Струмица 47&72“.

Катја Поп- Николова од ШК „Цареви кули“ и Филип Пасков од КК „Шихан“ се прогласени за најдобри млади спортисти на Струмица за 2025 година во индивидуалниот спорт. Ивана Милева од ОК „Наковски Волеј“ е прогласена за најдобар млад спортист во женска конкуренција, Јован Милев од ОК „Струмица“ во машка конкуренција.

Сениорските состави на ОК „Струмица“ и КБК Тим Зоран избрани за најдобри екипи на Струмица за 2025 во екипна и индивидуална конкуренција. За најдобра екипа во младинска категорија е избран ФК „Академија Пандев Брера“(пионери).

На синоќешниот спортски избор, за најдобар тренер во индивидуален спорт е прогласен Зоран Спасов од КБК Тим Зоран, а во екипен спорт најдобар тренер е Александар Митев од ОК „Наковски волеј“. Најдобар тренер во младинска категорија – индивидуален спорт е Атанас Василев од КК „Шихан“, а во екипниот спорт Мартин Алаѓозовски  од ФК „Академија Пандев Брера АД“.

Изборот за спортист на годината беше под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на Општина Струмица, а во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица кој се одржа во хотелот „Сириус“ по 63-ти пат.

Фото: Општина Струмица.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON