Петар Спасеновски (-84 кг) ја извојува првата победа на Светското првенство во карате во Линц-Австрија. Тој со 4-1 го совлада Марчин Крајковски од Полска.
Во второто коло е поразен минимално 1-0 од Антон Исаку од Белорусија.
Енес Смаилагиќ (-75 кг) е поразен од Скот Томас од САД со 3-0 во првото коло.
Да потсетиме дека Жарко Арсовски беше поразен во првото коло од Хрватот Ангело Квесиќ со 6-1, а Пулисенија Јованоска во кати имаше скор 1-1, односно победа и пораз.
Ipon.mk/В.Д.