Денеска Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје денеска ги прогласија најуспешните спортисти за 2021 година. Нормално, освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.
Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски, потоа борачот Могамедгаџи Нуров, кикбоксерите Викторија Варадинова и Бобан Илиoски, пливачот Филип Дерковски, како и атлетичарките Дрита Исљами и Адријана Поп Арсова.
Во младинска категорија помеѓу десетте добитници доминираат каратистите. Стефан Стојановиќ од Макпетрол, потоа Столе Смилковски, Антонија Белазелкоска и Мила Младеновска. Со признанија се закитија и Мери Акиевска, Марија Спировска, Миа Тодоровска, тенисерите Калин Ивановски и Александар Симева и пливачката Миа Еминова Блажевска.
Каратистот Петар Заборски на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, со кумите тимот го освои седмото место, што е извонреден успех.
На Македонија и требаше победа против Узбекистан за да се бори за бронзениот медал на СП, што ќе беше најголем успех во историјата на македонското карате во борби екипно. Нашата репрезентација на совлада силната репрезентација на Германија, потоа беше поразена од Србија, а во репасажот победа над Швајцарија и пораз од Азербејџан.
Резултати – Светско првенство:
Македонија – Германија 3-0
Македонија – Србија 1-3
Репасаж
Македонија-Швајцарија 3-0
Македонија-Азербејџан 0-3
Петар Заборски во поединечниот дел извојува три победи а за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгијанецот Квентин Маходен. Така ќе беше многу близу до борбата за медал.
Петар прво славеше против Алекс Мезес од Боливија 1-0, потоа 3-2 над Карлос Баргадос од Шпанија и 1-0 со Енес Гарибовиќ од Хрватска.
На СП настапија 1054 натпреварувачи од 117 држави.
Резултати Светско првенство:
Мажи
-75 кг
Петар Заборски – Алекс Мезес (Боливија) 1-0
Петар Заборски – Карлос Баргадос (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-0
Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4
Петар Заборски настапи и на квалификациите за Олимписките игри во Токио кои се одржаа во Париз. За жал, не успеа да освои норма за ОИ.
Сепак, овие резултати му овозможија пласман во топ 50 каратистите на Ранг листата на ВКФ, со што му овозможува настап на Премиер лигите, каде што настапуваат најсилните и може да се каже дека конкуренцијата е посилна и од СП. Петар со клупските другари Петар Спасеновски, Симона Заборска и Ангела Мојсовска ќе ги бранат боите на Македонија на првиот турнир на Карате 1 Премире лигата од 18 до 20 февруари Фуџаријах-Обединетите Арапски Емирати. Ова е големо признание и за Макпетрол и за македонското карате.
Симона Заборска беше најсупешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, каде што го освои седмото место.
Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.
Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.
Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0.
На шампионатот ќе настапија 596 натпреварувачи од 47 држави.
Европско првенство сениори – Резултати:
-55 кг
Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2
Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8
Репасаж
Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1
Симона настапи и на Квалификациите за ОИ и на СП во Дубаи.
Младиот Стефан Стојановиќ стана европски шампион.
Тој во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.
Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изедначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.
Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.
На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2, Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.
ЕП 2021 Тампере:
+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 5-4
Стојановиќ (+84 кг, У-21) на Балканското првенство во Риека, Хрватска, го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.
Да потсетиме дека на минагодишниот избор за „Спортист на годината 2020“ Роберто Ацковски од Макпетрол кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори 3 беше избран за млад спортист на Македонија. Каратистот Петар Спасеновски стана шампион на ЕП во У-21 во 2019. Глигор Петков се закити со сребрен медал ЕП за јуниори во 2019 година.
Успесите на каратистите на Макпетрол во услови на пандемијата на Ковид-19 добиваат уште повеќе на тежина, а тоа значи дека тренерите неуморно работат на техничко-тактичката подготовка, но и на одржување психо-физичката стабилност. Секако, зад овие успеси стои и компанијата Макпетрол која ги финансира сите подготовки и настапи, како на домашната така и на меѓународната сцена.
Како одраз на постигантите резултати каратиститре на Макпетрол заслуженпо ги добија стипендиите на Агенцијата за млади и спорт, па така Симона Заборска е носител на стипендијата од светски карактер, а Ангела Мојсовска, Петар Заборски и Петар Спасеновски од меѓународен карактер.