Глори ги номинираше мечевите за најдобра борба (ВИДЕО)

Овогодинешните настани на Глори понудија акција со жар и фантастични натпревари во кои се бореа Рико Верховен, Бадр Хари, Џамал ​​Бен Садик, Бенџамин Адегбуји и Антонио Плазибат.

Глори реши да го избере најдобриот меч, а номинирани се три борби.

Триумфот на Рико Верховен против Џамал ​​Бен Садик во октомври, кога судијата неколку пати му броеше на Холанѓанецот, кој успеа да се врати во четвртата рунда и да го нокаутира Мароканецот.

Во конкуренција се и две борби кои се одржаа на настанот Глори 77 на крајот на јануари.

Алекс Переира со поделена одлука на судиите го победи Артем Вахитов и стигна до титулата во полутешка категорија, а до триумфот на Леви Ригтерс против Тарик Хбабез, кога Танк победи со мнозинска одлука на судиите.

Погледнете ги најдобрите моменти од трите номинирани борби:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО