Поранешниот шампион во петел категорија на УФЦ, Петар Јан, нема да може да смета на својот долгогодишен тренерски штаб за претстојниот меч за титулата со Алџамејн Стерлинг.
Реваншот меѓу нив е закажан за 9 април во Џексонвил, САД, кога ќе се одржи настанот УФЦ 273.
За жал на 29-годишниот Русин, луѓето од неговиот стручен штаб не добија американска виза и нема да можат да бидат во неговиот агол за време на натпреварот и во последните недели од неговиот тренинг камп.
Првичните шпекулации беа дека Јан ќе се обрати за помош кај својот сонародник Хабиб Нурмагомедов, но изгледа дека „Безмилосниот“ има други планови.
I have one condition as well, don’t try to give me your shitty advices, just bring the water and ice bag between the rounds and we’re good https://t.co/Fd4kXNVex2
— Petr “No Mercy” Yan (@PetrYanUFC) March 18, 2022
Јан побара од поранешниот шампион во две категории, Хенри Сехудо, да му биде тренер на мечот со Стерлинг. Тие разговараа за можноста за заедничка работа на социјалните мрежи, но хумористичниот тон на комуникација не може да даде јасна претстава дали тоа навистина ќе се случи.
Јан рече дека другиот агол е резервиран за Шон О’Мели. Самиот Американец му ги понудил своите услуги на Јан пред една недела, а се чини дека Русинот сериозно ја сфатил понудата.
One corner spot is taken by @SugaSeanMMA 🐩 pic.twitter.com/rW5bJNRZIt
— Petr “No Mercy” Yan (@PetrYanUFC) March 17, 2022