Двајца од тројцата македонски претставници во карате на Медитеранските игри во Оран, Алжир ги имаа своите настапи.
Братот и сестрата Петар Заборски и Симона Заборска беа елиминирани уште на самиот старт од турнирот. Една лоша судиска одлука ја одлучи борбата помеѓу Петар и Енес Гарибовиќ од Хрватска која заврши со 1-0 за противникот.
Симона својата борба ја заврши нерешено но поради прв освоен поен на противникот од Србија, Тамара Живковиќ, го заврши својот настап на МИ Оран 2022. Им посакуваме повеќе среќа на следните натпреварувања.
Последниот македонски претставник во карате, бронзениот од европското првенство, Петар Спасеновски утре ќе настапи во категоријата до 84 килограми.