Петар Арсовски во финалето на „Купот на Црна Гора“

Петар Арсовски (52 кг) убедливо со прекин во првата рунда го совлада домашниот боксер Борис Сарчевиќ на „Купот на Црна Гора“ во Будва.  

„Уште од самиот старт на отварањето на мечот тргна агресивно и прецизните удари доведоа до две броењае, по што судијата ја прекина борбата“, велат од таборот на нашата репрезентација.

Енис Алиу (57 кг) технички поткован избоксирал многу добро, но не доволно за да го победи противникот од Грзуија Саба Ермеишвили

Петар во финалето (во сабота) ќе се сретне со претставникот на Украина Артем Марчук.

Да потсетиме дека Леонард Лимај (50 кг) е директно во финалето и го чека противникот од средбата Љубосав Методиев (Бугарија) – Ибрахим Зејналов (Азербејџан).

На турнирот учествуваат боксери од 17 земји.

Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.

Борбата може да ја поглчеднете ТУКА.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON