Петар Арсовски победи во осминафиналето на Купот на Бугарија

Петар Арсовски (-40 кг) на стартот на „ Купот на Бугарија“ забележа победа.

Арсовски во осмина финалето со прекин во третата рунда го совлада Петар Христов од Академија Бојаџиев.

Петар кој настапува за  Локомотив од Софија го праќаше противникот на броење во 1-та рунда, во втората, за на крајот од третата рунда судијата го почна и третото, што значеше и крај на мечот.

Денес на програмата се полуфиналните борби на Купот на Бугарија што се одржува Горна Ораховица со учество на 154 деца од 41 клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО