Младата надеж на македонскиот боксер Петар Арсовски (12 г.) од БК Аперкат стручното усовршување го продолжува во БК Локомотив од Софија.
Преминот во Локомотив, според тренерите од Аперкат, е за да се подготви што подобро и на Европското првенство за деца во мај во Албена – Бугарија да освои медал. Во овој спортски центар работат повеќе деца таленти од Бугарија. Воедно, Петар образованието ќе го продолжи во Софија, а ќе биде сместен во спортскиот интернат на БК Локомотив. Дневно ќе има по два тренинзи.
„Виновници“ за надгрдаувањето на Арсовски се легендата на бугарскиот бокс, олимпискиот, светскиот и европскиот првак Петар Лесев, кој го видел нашиот боксер на меѓународен турнир и посакал да му овзможи подобри услови за тренирање и боксерка надгрдаба под негов надзор. Лесев сега работи во БК ЦСК во Софија, а има ангажмани и во Боксерската федерација на Бугарија.
Сепак, главната алка во целата работа е нашата боксерска легенда, маестралниот Живко Дуковски, чиј континуитет на БК Скопје го продолжува токму БК Аперкат со тренерите Мирко Ристески – Мице и Оливер Станков.
Ipon.mk/В.Д.