Петар Арсовски го освои сребрениот медал во Купот на Бугарија, но стана екипен првак со Локомотив

По вчерашното дерби од финалето на Купот на Бугарија во Петрич Петар Арсовски – Пепка (57 кг) мораше да се задоволи со сребрениот медал, откако загуби од Константин Костов, кој е негов клупски колега од Локомотив, Софија.

Исклучителен меч, вистинско финале, уникатен противник и само ситници одлучуваа кој ќе биде победникот на денот, вели неговиот татко Александар Арсовски, поранешен боксер и тренер, нагласувајќи дека и двајцата се медалисти од европските првенства и имаат импресивни скорови. Константин на 62 меча има 59 победи.

„Пепка со голема желба за победа го дочека овој меч. Беше одлично подготвен и физички и психички за финалето. Мечевите во четвртфиналето и полуфиналето ги реши за кратко со прекини и така ја сочува целата енергија за ова дерби.

Бевме подготвени дека ова ќе биде меч каде ќе се боксира рунда за рунда. Првата рунда експресно припадна на Константин, бидејќи беше повеќе подвижен и тоа остави впечаток дека е подобар. Втората рунда Пепка даде и повеќе од себе да ја земе во своја корист. Мечот се изедначи и знаевме дека третата рунда ќе одлучи кој ќе слави победа. Бидејки Петар е во подобра форма, уште на стартот од третата рунда презема иницијатива, меѓутоа Константин со секавично кроше го раскрвари носот на Пепка. Бев свесен дека ќе биде отежнато дишењето во текот на рундата и дека нема да може да ги зададе најдобрите удари. Мечот отиде во корист на подобриот. Тоа е Константин“, објасни постариот Арсовски.

Инаку, екипата на Локомотив е екипен првак. Петар е свесен дека сребрениот медал нема сјај како златото, меѓутоа самите мечеви како вчерашното финале   играат голема улога во развијот на еден млад спортист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON