Петар Арсовски (38,5 кг) koj настапува за Локомотив од Софија, a во Македонија за Аперкат, го освои бронзениот медал на Купот на Бугарија во бокс за деца во Габрово.
Петар во полуфиналето загуби од клупскиот другар Маноло Стојанов со поделена одлука на судиите од 1-2 и притоа прикажа добра борба, по што публиката го испрати со овации, исто така и тренерите. Неговите извонредни борби ги забележаа секретарот и претседателот на Бугарската боксерска федерација и изразиле желба да го видат на Европското првенство за деца во Албена од 21 мај до 1 јуни.
Претходно Арсовски извојува две победи.
Ipon.mk