Петар Арсовски му пружи силен отпор на европскиот првак Лозано

Петар Арсовски (54 кг) во полуфиналето на престижниот Меѓународен турнир Емил Жечев во Софија, Бугарија загуби од актуелниот европски првак Рафаел Серано Лозано од Шпанија, но пружи голем отпор и покажа дека може да се носи и со големите имиња во боксот.

„Јасна е целта…и покрај поразот во мечот со Рафаел Серано Лозано од Шпанија, гледаме огромен потенцијал и приблизување до зацртаното.

Тоа е Европското првенство за млади сениори кое ќе се одрзи во Софија од 10 до 22 април.

Многу интерес предизвика овој меч и, лично, задоволен сум од покажаното на рингот.

Немавме апсолутно ни најмали проблеми во текот на целиот меч. Покажа дека може да се носи и со европски првак и една година постар. Повеќепати ја земавме и иницијативата,  центарот на рингот го задржавме…Не сакам да кажам дека победивме, изгубивме во некој однос 40-60 отсто“, вели неговиот татко, кој е тренер, Александар Арсовски и додаде:

„Неколку дена одмор. Во недела се враќаме за Софија, каде ке ги почне подготовките за ЕП“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON