Младите каратисти на КК Кеикс од Скопје се претставија во одлично светло на „Власотинце опен 2015“ во Србија, освојувајќи 5 златни, 11 сребрени и 17 бронзени медали.
Азра Цури, Сумеја Дураковиќ и Маја Стојменовска освоија златни медали во поединечна конкуренција во борби, како и екипите во борби за родени 2004/2005 и 2002/2003 –девојчиња.
Ова е убав успех на клубот во конкуренција на 400 напреварувачи од 33 клуба од Србија и Македонија.
ipon.mk/В.Д.