Вчера на Меѓународниот турнир „АДЦЦ Македонија 2024“ Клубот за бразилско џиу џитсу Флоу џиу џитсу настапи со 7 возрасни натпреварувачи и освои 5 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.
Со медали се закитија:
Александар Петковски-злато;
Тамара Димитровска-сребро;
Костадин Ангелов-сребро;
Миха Зиков-бронза и
Душан Богичевиќ-бронза.
Натпреварувачите Бојан Славевски и Данаил Јаков иако не освоија медал прикажаа одлични технички борби.
Од вкупно 30 клубови Флоу џиу џитсу го зазеде 6-тото место.
Од клубот велат дека ова е одличен успех и мотивирани подолжуваат понатаму.