Денес на 4. Меѓународниот џудо турнир за ветерани „Стеван Марковиќ” во Шипово, Босна и Херцеговина, освоија 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 брозени, како и пехар за највизрасен учесник на турнирот.
Медалите ги освоија:
1.Сашо Димовски М5 – 73 кг – златен
2.Никола Божиновски М3 -73 кг – сребрен
3.Марјан Димески М7 -100 кг – бронзен
4.Влатко Кузманоски М9 – 66 кг – златен;
5.Киро Здравески М9 – 66 кг – бронзен и пехар за највозрасен учесник на овој турнир.
На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи од Србија, Хрватска, БиХ, Австрија и Македонија.
Ветераните по враќањето од учеството на овој тренинг камп и меѓународен турнир продолжуваат со подготовки за следните натпревари на меѓународно ниво во почетокот на септември.