Кик бокс клубот Шампион освои 5 медали – 3 сребени и 2 бронзени на Европскиот куп „Карловац опен 2020“ во Карловац, Хрватска.
Медалите ги освоија
1- Викторија Варадинова – сребрен медал во К-1 (постар јуниор -60кг)
2- Марко Тодоров – сребрен медал во К-1 (постар јуниор -60кг)
3- Петар Велковски – сребрен медал во лоу кик (полад јуниор +81кг)
4- Миа Тодорова – бронзен медал во К-1 (постар јуниор -65кг)
5- Давид Вениќ – бронзен медал во кик лајт (постар кадет -42кг)
6- Енсар Исеин – пето место во лоу кик (постар јуниор -81кг)
„Како тренер на КБК Шампион можам да кажам дека натпреварувачите на нашиот клуб, иако не освоија злато, сум задоволен со 3 сребра и 2 бронзи . Можам да кажам дека стануваат се поискусни и за време на борба се многу посмирени од порано. Можат да ги применат научените техники и не слушаа нас тренерите во аголот кога им дававме забелешки и стратегија додека траеше борбата. Тоа говори за нивната смиреност и кондициона подготвеност да го изработат кажаното и се подготвени за оваа натпреварувачка сезона“, рече првиот човек на клубот Дејан Митровски – Урко.
Ipon.mk