Олимпија поднесе пријава против раководството на ФБСМ за непочитување на Статутот

Боречкиот клуб Олимпија од Штип поденесе пријава за сторени потешки прекршоци и непочитување на Статутот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) против преседателот Бетим Вренези, потпретседателот Дејан Богданов, УО, генаралниот секретар Мустафа Адеми, секретарот Љубомир Лазаревски и НО.

Клубот од Штип наведува дека Федерацијата не ги информира по сите основи за сите случувања, било за календар за натпревари, било за рокот пререгистрација и нови регистрации за тековната 2020 година.; неинформирањето за одржување семинари  и нивно учество по разни основи. Нагласуваат дека од непознати причини за нив тие се дискриминирани во однос на другите членки на ФБСМ, а сето тоа без причина и образложение.

Она што го дознавме неофицијално е дека клубот е исклучен од Федерацијата поради некоја неплатена казна.

Како и да е, транспарентноста на ова раководство на ФБСМ е послабата страна.   

Во прлог ви ги даваме и документите:

fbsm disciplinska 2

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕГИСТРАЦИОНА КОМИСИЈА ЗА 2020 ГОДИНА

elektronski dokaz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО