Македонските кикбосери освоија 5 медали – 2 сребрени и 3 бронзени на 28.Унгарски кик бокс Светскиот куп во Будимпешта.
Со сребрени медали се закитија Марија Димовска и Лука Велковски, а со бронзени Јана Митева, Силвио Мировски и Јадранка Темелкова
На Светскиот куп учествуваа 2014 кикбоксери со 2985 натпреварувачки влезови од 333 тима.
Резултати:
+60 кг јуниори лоу кик
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија) 0-3
-57 кг јуниори лоу кик
Исмаил Туркер – Пјотр Плезија (Полска) 2-0 понатаму оди Полјакот
-63 кг кадети кик лајт
Иван Кукуновскии – Назмин Хасиќ (БиХ) 1-2
-67 кг јуниори кик лоу
Силвио Мировски – Никола Јоветиќ (Црна Гора) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски –Анатоли Мороз (Украина) 0-3
-42 кг кадети кик лајт
Полуфинале
Јана Митева – Марија Андријана Блациу (Грција) 0-3
-60 јуниори лоу кик
Дамјан Стојчевски – Давид Перциун (Молдавија) 0-3
-56 кг јуниори лоу кик
Полуфинале
Јадранка Темелкова – Софија Цолкаиду (Грција) 0-3
+91 кг јуниори лоу кик
Финале
Лука Велковски – Јакоб Богуш (Полска) 0-2
Додека на Унгарскиот кик бокс опен 2023 кој се одржуваше паралелно со Светскиот куп нашите натпреварувачи освоија две одличја – сребро и бронза.
Среброто е за сениорот Јосиф Стојчевски, а бронзата за Давид Атанасовски.
Резултати:
-47 кг постари кадети кик лајт
Полуфинале
Давид Атанасовски – Матјаш Шварц (Чешка) 0-3
+42 кг помлади кадети кик лајт
Јосиф Илиевски – Иман Шкријељ (Црна Гора) 0-0
-74 кг сениори кик лајт
Финале
Јосиф Стојчески – Михал Косински (Полска) 0-0
На овој турнир настапија 443 боксери со 629 натпреварувачки влезови од 107 тимови.