Пет медали за борачките во Петриња, Андреа Нисева прогласена за најдобра борачка (ФОТО)

На 13-тиот Меѓународен меморијален турнир во борење „Мирко  Космат“ во Петриња, Хрватска, борачките на Безбедност, 7 Мај Тигар и Олмпија освоија 5 медали – 3 златни и 2 сребрени.

 Бојана Лазаревска и Олгица Коцева од Безбедност освоија златни медали, а Емилија Илијевска сребрен.

Леона Топаловска од ПКБС 7-ми Мај-Тигар го освои сребрениот медал, додека најмалата Андреја Нисева од БК Олимпија се закити со злато, а воедно е прогасена и за најдобра борачка на турнирот.

Оваа е голем успех за македонското женско борење, бидејки резултатите се остварени во конкуренција на 281 спортист од 31 клуб од Хрватска, Македонија, Словенија, Србија, Б и Х и Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON