На Меѓународниот турнир АЈП Тоур во Ниш, Србија, кој се одржа оваа сабота (25 март) Клубот за бразилско џиу џитсу „Флоу џиу џитсу“ освои 3 златни и 2 сребрени медали.
Миха Зиков освои златен медал и реализира една од најбрзите победи на турнирот, за само 29 секунди.
Тамара Димитровска се закити со два златни медали, демонстрирајќи одлична техничка доминација, успешно победувајќи ги сите противнички во двете дисциплини, ги и но-ги (со и без кимоно).
Марјан Зиков освои две сребра во категорија на борба со помлади противници успешно се избори во двете дисциплини ги и но-ги (со и без кимоно).
„Учество земаа и одлично се претставија и повозрасните натпреварувачи Александар Петковски и Петро Јанура“, велат од клубот и додаваат:
„Ова е второ натпреварување на клубот Флоу џиу џицу – Скопје“.
Турнирот се одржа во Ниш, Србија и имаше преку 450 натпреварувачи.