Алекс Переира стана првиот шампион на Глори во две тежински категории истовремено.
Шампионот во средна категорија на настанот минатиот викенд во Мајами се бореше за привремената титула во полутешка категорија против Донеги Абена.
32-годишниот Бразилец го демолираше Абен со серија ножни удари во третата рунда. По што Суринамецот се крена и го продолжи мечот По Атан го испрати на подот со лево кроше и повеќе не се подигна.
Борбата за привремената титула се одржа бидејќи актуелниот шампион во полутешка категорија Артем Вахитов повторно е повреден. Русинот ја скрши десната тупаница.
Переира во март 2017 година во Сао Паоло ја нокаутираше ѕвездата на УФЦ Израел Адесања во неговиот последен кик бокс меч.