Переира: Му реков на Имадаев дека ќе му удрам шлаканица и го направив тоа (ВИДЕО)

Мишел Переира му се реваншира на Зелим Имадаев минатиот викендов во Лас Вегас.

Пред да се сретнат Имадаев му удри шлаканица на Переира додека стоеја лице в лице (се соочуваа). Ова не му се допадна на Бразилецот, заканувајќи му се дека ќе му го врати во кафезот. Ова е токму она што се случи во битката и Мишел не престана да го исмева Имадаев и да го понижува.

Неколку пати Бразилецот му удри шлаканица на Имадаев, кој не успеа да му се спротивстави на противникот. Бразилецот доминираше во мечот и го доби со завршница во последната рунда. Переира за медиумите изјави дека е задоволен од лекцијата што му ја одржал на противникот.

„Не знам зошто Имадаев го стори ова пред нашата битка. Му реков дека ќе му вратам и го сторив тоа. Јас сум маж и не можеш да ме плескаш. Му ја покажав раката, ја бакнав, а потоа му удрив шлаканица. Мора да научи дека не смее да го прави тоа.

Не може да го прави тоа. Не го чувствував Имадаев како се предава, но стисокот беше силен, или ќе се предаде или ќе заспие. Сакам да се борам со најдобрите. Ќе го исшлакам и Масвидал, ако не ме почитува. Секако дека сакам да ги добијам сите битки и да станам шампион. Од друга страна, се грижам за навивачите кои даваат многу пари за да нè гледаат. На прво место го ставам шоуто, а потоа излезот од средбата“, рече Переира.

https://www.youtube.com/watch?v=DLx1YH0sr7Y&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО