Переира го посака и појасот на Верховен

Единствениот шампион во историјата на Глори во две категории истовремено – Алекс Переира посака и трет појас.

За да го исполни својот историски план, Бразилецот не насочи кон никого друг, туку кон големата ѕвезда на кикбоксот и тешкаш Рико Верховен. 33-годишниот шампион во средна категорија и во полутешка категорија замина во САД, каде што му помага на Лиото Мачида со Гловер Тешеира да се подготви за неговиот следен меч.

„Го кажав тоа откако во јануари го победив Артем Вахитов и го освоив мојот втор појас во Глори. Го предизвикав Рико Верховен. Јас сум првиот истовремено со две титули во синџирот, сега сакам да се предизвикам уште еднаш. Имам технички вештини за да го изненадам Рико“, рече Переира.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON