Переира го нокаутира Прохаска во втората рунда и го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија

Со фантастичен настап Алекс Переира убедливо го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија.

На настанот УФЦ 303 во Лас Вегас одличниот Бразилец го победи чешкиот борец Јиржи Прохаска со прекин во 12 секунда од втората рунда, тоа беше нивна втора меѓусебна борба.

Тоа е 11-та победа во кариерата на Поатан (осма во УФЦ) и четврта по ред. Со овој триумф тој вторпат го одбрани појасот во полутешка категорија.

Првата рунда беше тактичка проверка на силата и надмудрување, каде шампионот се закани со ниски удари, а Јиржи успешно се одбрани.

Така беше до последната секунда кога светна левото кроше на Переира, за да го собори Чехот.

И таму каде што застана во првата рунда, тој заврши веднаш на почетокот на втората.

Штом зазедоа позиција во средината на октагонот Перера со лев висок удар го удри Прохаска, кој падна на подот и ја заврши работата.

Во конасловната борба Диего Лопез со едногласна одлука го победи Дан Иге, кој влезе како замена за Брајан Ортега.

Имено, на само неколку часа пред настапот, Ортега го откажа настапот поради здравствени проблеми.

Роман Долиџе немаше поголеми проблеми на дуелот против Ентони Смит, а победи со едногласна одлука на судиите.

Малку понеизвесна беше првата борба од главната програма во која Иан Мачадо Гари го совлада Мајкл Пејџ.

Непоразениот Ирец со едногласна одлука на судиите стигна до својата 15-та победа (осма во УФЦ) во кариерата и е се поблиску до атак на титулата во велтер категорија.

Резултати од настанот УФЦ 303:

Алекс Переира – Јиржи Прохаска – ТКО (удар во глава и удари), Р2 (0:12)
Диего Лопез – Дан Иге – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Роман Долиџе – Ентони Смит – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Мејси Кијасон – Мајра Буено Силва – ТКО (прекин од лекар), Р2 (1:58)
Иан Мачадо Гари – Мајкл Пејџ – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Џо Пајфер – Марк-Андре Барио – КО (удари), Р1 (1:25)
Андре Фили – Каб Свансон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Жан Силва – Чарлс Журден – КО (удар), Р2 (1:22)
Пејтон Талбот – Јанис Гемури – КО (удари), Р1 (0:19)
Џилијан Робертсон – Мишел Ватерсон-Гомез – едногласна одлука (30–27 x2, 30–26)
Мартин Будај – Андреј Арловски – поделена одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Реи Цуруја – Карлос Хернандез – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Винисиус Оливеира – Рики Симон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON