Пендаровски му го честиташе медалот на Георгиевски, но јавноста остро реагираше!

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски упати честитка до сребрениот макеоднски олимпиец Дејан Георгиевски, кој денеска стигна до најголемиот успех во македонскиот спорт со второто место на олимпискиот таеквондо турнир, но го навлече гневот на македонската јавност со употребата на придавката Северна.

Георгиевски загуби во финалето од Владислав Ларин попладнево, но среброто има златен сјај за Македонија, зашто е најголем успех и само втор медал за Македонија од независноста, прв по две децении и бронзата на борачот Могамед Ибрагимов во Сиднеј во 2000 година

„Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија“, напиша претседателот Пендаровски.

Македонската јавност бурно и гневно реагираше на кратката честитка на Пендаровски со употребеното ново име на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON