Пендаровска и Спасеновски освоија бронзени медали ЕП во Кипар

Petar Spasenovski na piedestal EP 2016

Македонската ризница на медали од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 е збогатена со бронзените медали на Петар Спасеновски и Моника Пендаровска.

Monika Pendarovska sama na EP 2016

Спасеновски (+ 76 кг) во јуниорска конкуренција во првото коло беше слободен, во второто со 7-0 го победи Чехот Петр Урбанец, во третото – Србинот Владимир Брезанчиќ (4-1), а во полуфиналето загуби од Италијанецот Азиз Мухидине со 0-1. Во репасажот, во мечот за бронзата, Спасеновски со 5-0 го победи убедливо Белгиецот Бер Алофс.

Monika Bosko i Abdurahim

Пендаровска (-53 кг), како што највивме преходно, за бронзениот медал се бореше со Србинката Александра Вујасиновиќ и убедливо ја совлада со 7-0. Јуниорката Моника прво со 5-0 ја совлада Словенката Барбара Хаберл, потоа Саде Тигер од Финска 2-0, на ред беше Германката Гизем Бугур (1-0), а во полуфиналето загуби од Маја Шаерер од Швајцарија (0-3).

Pendarovska na piedstal 2 na EP 2016

Во категоријата до 61 кг (борби, јуниори), Шкљзен Рамадани загуби во првото коло со 2-3 од Белгиецот Јасин Бушараф, а во таа до 68 кг, јуниорот Стефан Апостоловски уште на стартот испадна со 0-3 од Русинот Александр Гутник. Иста судбина имаше и Доан Османи (поединечно, борби, јуниори до 76 кг), кој во првата борба загуби од Црногорецот Предраг Смоловиќ со 0-1.

Утрово ката тимот на Македонија во женска конкуренција го освои бронзениот медал, а вчера кадетите Абдурахим Идризи во кати го освои сребрениот медал, додека Столе Смилковски во борби бронзениот.

Досега Македонија има освоено 5 медали на ова ЕП – четири бронзи и едно сребро.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON