Пендароска, Мојсовска и Милева освоија бронзи на Балканското првенство!

monika-i-angela-so-medalite-na-bp-2016

Моника Пендароска, Ангела Мојсовска и Марија Милева освоија бронзени медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сараево – Босна и Херцеговина.

Пендароска (-55 кг) и Мојсовска (-68 кг) настапија во конкуренција на јуниори до 21 година,  каде што конкуренцијата е исклучително тешка и воопшто, БП има натпреварувачи како на европско првенство. Репрезентативките од редовите на КК Макпетрол ги водеше Симона Заборска.

Пендароска го потврдува квалитетот и во посилна и повозрасна конкуренција, а Мојсовска пополека се наметнува како каратистка на која може да се смета.

Моника загуби од Вера Дукиќ од Србија со 1-0, но во репасажот беше на висината на задачата. Пендароска салвеше на изјаснување по 0-0 против Марија Цавка – Хрватска и Теодора Ранковиќ – Србија.

Мојсоквска започна моќно славејќи со 6-0 и 8-0 против Ана Јакиќ (Црна Гора) и Маријана Александра Ромбу (Романија), за во тертото коло да загуби со 6-0 од Марина Радичевиќ од Србија која стана балкански првак,а во репасажот Ангела ја искорсити шансата и го освои тертото место со победите над Азра Бабановиќ (БиХ) 5-1 и Зејнеп Бејза Џокшун 5-3 од Турција.

Марија Милева (-47 кг) ја освои бронзата во кадетска конкуренција. Во  првото коло загуби од Турчинката Јагмур Демир со 0-1, кој ја повлече во репасаж поради пласманот во финалето. Милева ја искористи шансата и го освои бронзениот медал. Таа славеше над Емина Абдулиќ и Сара Махмутовиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 и 3-0.

Инаку, денеска нашите каратисти немаа многу успеси.

balkansko-saraevo-2016

Резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON