Пеливанската федерација на Македонија утре ќе одржи вонредно Собрание.
Од Федерацијата се повикуваат на член 25 од Статутот, поради непочитување на законот за спорт на РМ , Статутот на Федерацијата за пеливанско борење на РМ , како и поради повеќегодишна финасиска ,организациона, спортска, стручна, информациона, морална и етичка криза во Федерацијата за пеливанско борење на Македонија. Поради ова 1/3 од клубовите членови на Федерацијата покренуваат иницијатива за вонредно Собрание. Федерацијата брои 13 клуба. Ваквата одлука се оправдува со член 25 од Статутот на ФПБ согласно член 24 од Законот на здруженија и фондации.
Од иницијативниот одбор истакнуваат дека досега не е поднесен извештај за циклус од 2010 – 2015 година; неповолна финасиска состојба во ФПБ; неодржување на собраниски состаноци и слично; донесување на одлуки со фамилијарни фиктивни клубови; фамилијарно распределување на финасиските средства; фамилијарно рангирање на пеливански клубови; фамилјарно доделување на стипенди за млади спортисти; федерацијата ја водат нестручни лица и недоволно образовани; тренерот и селекторот се непознати за јавноста, односно по потреба са назначуваат, во исто време по потреба се разрешуваат, што значи по нивно самоволие се е фиктивно“, велат од иницијативниот одбор.
Пеливанската федерација минатата година почна до функционира, но нерешените работи ги однесе во други води.
Ipon.mk