Пеливаните се покажаа во одлично светло на во неделата на силниот Меѓународен турнир во традиционално пеливанско борење во Косово.
Дејан Митров, А.Арсов, Орхан Ибрахими, Самир Ибраими и Рамазан Бакија покажаа дека се нашите најдобрите пеливани, освојувајќи пет медали.
„Голема борба се водеше меѓу двајца наши познати тешкаши, Бобан Данов и Мухамед Вејсели, кои беа и доста атрактивни за публиката. Исто така и нашиот најдобар баш пеливан, Рамазан Бакија, се покажа дека е во добра форма“, изјави Хамид Бакија од Пеливанската федерација на Македонија.
Ipon.mk/В.Д.