Пелистерските јунаци освоија три медали во Молдавија – Ален Рустемовски најдобар боксер на турнирот

На Меѓународниот боксерски турнир ,,Павел Лучевчи” кој претходната недела се одржа во Молдавија, Македонија беше претставена од своите најдобри боксери кои се искачија на пиедесталот, освоија два златни е еден сребрен медал.

Ален Рустемовски во категоријата до 60 килограми го освои златото победувајќи го во финалето Гркот Ѓоргија Плеас со 5-0.

Ален претходно ги победи Романецот Ангело Тутунеа и домаќинот Давид Цациук. Покрај златото, Ален беше и прогласен за најдобар боксер на турнирот.

Во категоријата до 57 килограми Адријан Рустемовски исто така освои златен медал, додека Илчо Костосвки од Ронин Прилеп се закити со сребро, кој во финалето загуби од Молдавец, а во полуфиналето славеше против друг боксер од Молдавија.

Филип Сливјановски од Ронин е прогласен за најдобар тренер

Во знак на почит кон загинатите во несреќата во Кочани, финалните натпревари започнаа со минута молк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON