Пелистерски јунак е новиот шампион во Првата бокс лига, а Фамилија Демирови во Младинската лига

Пелистерски јунак е новиот шампион во Првата бокс лига, а Фамилија Демирови ја одбранија титулата во Младинската лига.

Националната бокс федерација денес ги објави официјалните резултати од последното 6.коло што се одржа во Штип во саботата и конечните табели.

Пелистерски јунак освои 47 бода, а второпласираниот Универзалци 43, додека третиот Шкупи30.

Пелистерски јунак во последното 6.коло освои 13 бодови, Универзалци 11, Шкупи 8, Алексо Огненовски 5, Аперкат, Куманово 84, Фајтер илери и Фамилија Демирови по 4, Шкендија но лимит 3, Шкендија бокс 2 и Штип 1.

Ова е прва титула на Пелистерски јунак и ја заокружуваат успешната сезона.

Фамилија Демирови пред домашната публика само ја потврди титулата со 93 бода пред Пелистерски јунак со 71 и Пинк пантер тим со 53.

Пехарите и медалите на победниците ќе им бидат доделени за време на Државното поединечно првенство во Битола на 20 и 21 декември.

Во 6.коло најмногу бодови освои Фамилија Демирови 20, потоа следат Алексо Огненовски 15, Пинк пантер тим 13, Пелистерски јунак 10, Шкендија бокс 8, Шкендија но лимит и Фајтер илери по 7, Аперкат, Штип, Куманово 85 и Шкупи по 4.

Во извештајот се вели судењето било коректно и објективно, без забелешки од страна на учесниците, освен за борбата кај јуниорите до 54 кг, во мечот меѓу Буркан Еминов од БК Фамилија Демирови и Ануар Имери од БК Фајтер илери од Куманово.

„По завршување на борбата ,за време на прогласување на победникот , незадоволен од одлуката на судиите , боксерот Ануар Имери заедно со уште едно неофицијално лице од публиката предизвика инцидент. Боксерот се однесуваше неспортски и недисциплинирано и неспортски гестикулираше кон публиката, а, пак, неофицијалното лице се качи на рингот и се однесуваше неспортски и крајно некоректно, по што мораше да реагира правовремено редарската служба и полицијата.

За горе наведениот инцидент постои видео запис кој ќе биде доставен до Дисциплинската комисија при НБФ која ќе решава за настанатиот инцидент и ке донесе конечна одлука“, се наведува во извештајот за 6.коло.

Резултати 6.коло Прва и Младинска лига:

Кадети
40 кг Шаин Реџеповски (Фамилија Демирови) – Мухамед Мемдов (Пинк пантер тим) 0-3
42 кг Ендрит Рустеми (Шкендија бокс) – Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски) 1-2
46 кд Фејзи Демиров (Ф.Демирови) – Петар Трајчевски (А.Огненовски) 2-1
50 кг Туран Демиров (Ф.Демирови) – Хајредин Шериф (Пинк пантер) 3-0 ТКО Р1
60 кг Иса Бајрам (Пинк пантер) – Аберт Ибрахими (Шкендија но лимит) 2-1

Јуниори
54 кг Буркан Емиров (Ф.Демирови) – Ануар Имери (Фјтер илери) 2-1
54 кг Илија Ѓоргиев (Пелистерски јунак) – Александар Панов (Пинк пантер) 2-1
57 кг Кенан Биаљли (Куманово 84) – Сонер Ајрушов (Ф.Демирови) 0-3 ТКО Р2
63 кг Димитар Ѓорески (А.Огненоски) – Синиша Талевски (Пелистерски ј.) 2-1
63 кг Самир Рашити (Куманово 84) – Славчо Трпевски (Шкендија бокс) 0-3
66 кг Ерион Саити (Шкендија н.л.) – Андреј Јанески (Пелисрески ј.) 2-1
70 кг Омер Шаќири (Фајтер илери) – Лука Грозадновски (А.Огненовски) 0-3
70 кг Бојан Георгиев (Штип) – Донует Рамани (Шкендија бокс) 3-0
80 кг Ерин Сефери (Шкупи) – Лука Трајковски (Аперкат) 0-3

Младинци
54 кг Ебупталив Агушев (Ф.Демирови) – Алмир Емурали (Шкендија н.л.) 3-0
54 кг Лука Пислевиќ (Универзалци) – Алими Меридијан (Шкупи) 0-3
71 кг Данаил Христовски (Универзалци) – Рахим Демир (Куманово 84) 0-3 предадена Р2

Сениори
63,5 кг Вилијам Маневски (Фајтер Илери) – Ален Рустемовски (Пелистерски ј.) 0-3 предадена Р2
80 кг Муарем Муареми (Шкендија бокс) – Енис Алиу (А.Огненовски) 0-3 ТКО Р1
80 кг Михаил Трајчевски (Пелистерски ј.) – Огњан Огњановски (Универзалци) 3-0 ТКО Р1
86 кг Стефан Цингаровски (Универзалци) – Тихомир Петровски (Аперкат) 0-3 ТКО Р1
+92 кг Ардијан Аземи (Шкупи) – Христијан Николовски (Универзалци) 3-0 ТКО Р1

Табела

Прва бокс лига 6.коло

1.Пелистерски јунак      47
2.Универзалци              43
3.Шкупи                       30
4.Шкендија но лимит    26
5.Алексо Огненовски    23
6.Ас                             16
7.Штип                        14
8.Аперкат                    14
9.Ф. Демирови               8
10.Фајтер Илери            8
11.Шкупи                      8
12.Синди                       7
13.Јордан Мијалков       6
14.Куманово 84             6
15.Илинден                   5
16.10/60                       5
17.Нокаут                     4
18.Чаир                        3
19.Пинк пантер             2
2.Шкендија бокс           2

Табела

Младинска лига 6.коло

1.Фамилија Демирови  93
2.Пеилистерски јунак  71
3.Пинк пантер тим       53
4.Алексо Огненовски   46
5.Шкендија но лимит   35
6.Ас                            21
7.Куманово 84            20
8.Штип                       18
9.Шкупи                     14
10.Фајтер илери         12
11.Шкендија бокс        8
12.10/60                      6
13.Борец                     5
14.Аперкат                  5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО