По првото коло во Првата и Младинската бокс лига во Битола поведоа екиптите на Пелистер во сениорска конкуренција и Пинк Пантер во Младинска.
Во Првата лига Пелистер е прв со 8 бода пред Борец со 6 и Алексо Огненовски 5. Додека во Младиснката лига Пинк Пантер со 11 бода води пред градскиот ривал Баргала со 7 и Ас и Пелистер со по 6.
За одбележување е тоа што минатогодишниот апсолутен шампион по првото коло го нема на тебалата и во двете конкуренции. Но, тоа се должи на нивното апстенирање во првото коло, а секако дека ќе се вклучат во борбата за трофеите. Исто така и екипата на Шкупи не настапи.
Пелистер покажа дека годинава ќе биде сериозна конкуренција на останатите екипи, а пријатно изненадување е Тигар МБМ од Делчево.
Ipon.mk