Пек-Мен изгради 1000 куќи за најсиромашните Филипинци!

Поранешниот светски боксерски шампион легендарниот Мани Пакијао продолжува да импресионира со неговата хуманитарна работа. Овој славен боксер, кој последниве години успешно се занимава со политика на Филипините, а одамна покажа и докажа дека има големо срце.

Најновиот пример за неговата филантропска работа е населбата што ја изгради за своите сиромашни сонародници. Според локалните медиуми, овие денови се завршени работите на околу 1000 станбени објекти кои наскоро ќе бидат подготвени за вселување на оние кои имаат најголема потреба. Се проценува дека дом во оваа населба ќе пронајдат неколку Филипинци кои моментално се без покрив над главата.

Пакијао и самиот е роден во сиромаштија, како што во повеќе наврати истакнуваше во своите интервјуа. Токму тоа е причината поради која толку многу напор и средства вложува во хуманитарната работа сега кога заработо доволно пари да си обезбеди лагоден живот.

39-годишниот Филипинец во јули минатата година во Бризбејн, Австралија, беше поразен од локалната ѕвезда Џеф Хорн, притоа ја изгуби ВБО титулата во велтер категорија. Иако се зборуваше за брзо повлекување, Пакијао на крајот се откажа поради обврските што ги има како сенатор на Филипините.

Не е познато кога следниот пат ќе влезе во професионалниот ринг, но се надева дека кариерата нема да ја заврши со пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON