И последната надеж за медал од Светското првенство во карате,Емил Павлов,го загуби клучниот дуел во репасажот за бронзен медал.
Павлов во категоријата до 60 килограми загуби со тесна разлика од 3-4 против Русинот Евгениј Плакутин. Со тоа завршија и настапите на сите македонски репрезентативци, кои и покрај големите амбиции што ги имаа пред почетокот на мундијалот, не освоија ниту еден медал.