Во пресрет на утрешната борба за бронзениот медал на Светското првенство, нашиот репрезентативец Емил Павлов вели дека е максимално мотивиран.
-Противникот ми е добро познат (Евгени Платкунин од Русија). Со него, исто така, се борев за бронзениот медал во Карате 1 Премиер лигата во Ханау, Австрија, но, за жал, загубив. Се надевам дека утре ќе го победам-категоричен е Павлов.
За вчерашното полуфинале со Бразилецот Борсе Павлов вели дека тој е искусен натпреварувач кој на последните три светски првенства е оссвојувач на медал. Два пати бил во финале и еднаш трет.
-Тоа беше доста тешка борба. Тактички, многу неизвесна. Бев добро подготвен пред борбата, но не успеав да му земам поен. На крајот судиите му ја доделија победата- оценува европскиот првак Емил Павлов.
ipon.mk/В.Д.