Македонската карате репрезентација отпатува на Европското превнство за сениори во Монпелје-Франција,каде што од 5 до 8 мај ќе се бори за распределбата на европските медали.
Емил Павлов, Ненад Келебиќ, Енес Смаилагиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Сашко Патраклиев, Тодор Ристевски, Сара Радичевска, Наташа Сетфановска, Моника Стефановска, Симона Заборска, Драгана Тодорова, Маријана и Мишела Димоски, Пуликсенија Јованоска, Ферри Исиќ, Мартин Ристоски и Глигор Станоев ќе ги бранат боите на Македонија во поединечна и екипна (борби и кати) конкуренција.
Секако, очекувањата се големи, бидејќи од секој шампионат се враќаме со медали. Мината година Мартин Несторовски го освои бронзениот медал во категоријата над 84 килограми, а Емил Павлов беше петти. Во репрезентацијата има и поместувања, како дебитанстките настапи на Смаилагиќ, Келебиќ и Радичевска, додека стандардните репрезентативци Цветковски и Несторовски ќе ги баранат боите во екипна конкуренција и може да го покажат искуството на дело и да освојат медал во екипна конкуренција. Исто така и женскиот тим во борби има шанси за висок резултат, како и се посигурната Наташа Стефановска, а својата шанса ќе ја врбуваат и Заборска и Рдаичевска. Големи се очекувањата од женскиот ката тим. Сепак, еден од најискусните и со европска титула е Емил Павлов, а Арсовски и Јакупи ќе се обидат да дојдат до врвот по тешката борба за место во репрезентацијата.
Павлов е најискусен во репрезентацијата и прикажа одлични борби во подготвителниот период и ја потврди добрата форма.
Може ли повторно да очекуваме европска титула?
Емил Павлов: „Во изминатиов период, во циклусот на натпревари имав добри настапи, со тоа и мојата самодоверба се зголеми. Ќе биде доста тешко да се освои злато, но јас сум максимално подготвен за овој предизвик. Со малку повеќе спортска среќа, се надевам дека повторно можам да дојдам до златото“!
Во една тешка конкуренција на домашен план се избори за место во репрезентацијата. Покрај тоа имаше најсигурни настапи, го краси бестрашноста, која ја манифестираше оваа година.
Дали сите овие фактори се мотив повеќе за дебитантски медал? И што може да очекуваме во екипниот дел?
Енес Смаилагиќ: „Секако, тоа се мотиви да работам на себе и истото да го пренесам на татамите. Ќе го дадам максимумот од мене, како и секогаш, а тоа што е мое и што треба, ќе си дојде. Во екипниот дел, исто како и во индивидуалниот, чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и ќе направам се што можам да им донесам радост на мојата екипа и мојата земја, се борам за сите вас“!
Сашко Патраклиев шансата ќе ја бара во екипниот дел на ЕП.
Може ли Македонија до освои медал во екипниот дел? Што е предноста на оваа генерација?
Патраклиев: „Спојот од искуството и младоста е главната додадена вредност на оваа генерација. Неблагодарно е да се прогнозира, но солиден резултат на ова првенство би бил одлична потврда дека оваа земја е расадник на карате таленти“.
Освојувачот на бронзените медали од ЕП и Европксите игри во Баку, Мартин Несторовски,годинава шансата за медал ќе ја бара во екипниот дел.
Може ли Македонија до освои медал во екипниот дел? Што е предноста на оваа генерација?
Несторовски: „Да, Македонија може да освои медал, затоа што има една од најискусните екипи“.
Наташа Стефановска пред ЕП прикажа стабилност и добра форма. Може ли да очекуавме медал во Монпелје? И, какви ни се шансите во екипниот дел?
Наташа: Секако дека желбата за медал е сега посилна од кога било. Како и да е, мора да се продолжи со стабилноста и во Монпелје. Желба има и мотивацијата голема, ќе го дадам максимумот, па се надевам на успех.
За екипниот дел ќе додадам дека се надеваме дури и на уште поголем успех од Европското првенство во Турција. Секако, мотивацијата и желбата за да застанеме на пиедесталот се многу големи, откако го постигнавме успехот минатата година“.
Моника Стефановска: „Очекувањата и желбите се да се изработи максимално, бидејќи Европското првенство е она за што се подготвувавме целиот изминат период“.
Европското првенство е голем предизвик за сите. Дали ова првенство на кое треба да се направи најдобриот резултат, како во поединечна така и во екипна конкуренција?
Симона Заборска: „Секако, за мене и за сите нас е еден голем предизвик и мотив повеќе да се избориме најдобро што можеме, бидејки досега имавме еден долг подготвителен период во кој успеавме да ја темпираме формата. И, нормално е да се надеваме на еден убав резултат кој ќе биде круна на нашата заложба во карате спортот“.
Враќање на европската сцена во сениорска конкуренција е голем предизвик. Дали најлесната картаистка може да го донесе највредниот медал?конкуренција?
Сара Радичевска: „Верувам во себе и мислам дека сениорската конкуренција е предизвик кој можам да го поднесам. Интензивно се подготвував и имав доста добар настап на последните неколку контролни натпревари кои многу придонесоа за мојата самодоверба. Конкуренцијата не ме плаши, ќе дадам се од себе за добар настап и на ова Европско првенство“.
И Драгана Тодрова ја гледа шнасата за докажување со конкурентите од Европа.
Драгана: „Подготвена сум да го дадам максимумот. Без потценувања и рекспектирања , спемна сум. Задоволна сум од подготвителниот период„.
Ipon.mk/В.Д.