Павлов: Имам истегнат лигамент, не е скршеница, ќе учествувам на „Базел опен“!

Emil za bronza so Antik srbija na EI

Поранешниот европски првак и носител на бронзениот медал од Европските игри во Баку, Емил Павлов, на турнирот од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул ја повреди раката при водство од 2-0 на Русинот Евгени Плакутин, поради што не можеше да се замеша во борбата за медалите.

Каква е состојбата со раката на Павлов?

„Па добро. Се уште имам оток на прстот. Фала му на Бога, не бил скршен!  Направив снимка во Штип. Ми излезе целиот зглоб, односно сум го истегнал лигамент. Ми рекоа да одморам две недели, но утре ќе патувам за Базел-Швајцарија, за да настапам на „Базел опен““, вели Павлов, кој добил лична покана од организаторот, Халдун Алагас, а таа чест му е укажана и на Берат Јакупи, кој можеби нема да патува поради повредата што ја заработи во Истанбул.

Овој турнир е интересен бидејќи ќе има борби и во апсолутна категорија, при што за прво место се добиваат 800 швацарски франци, за второ 400 и за трето 200.

Покрај Павлов и Јакупи на „Базел опен“ ќе настапат и Жарко и Сашко Арсовски, но и многу имиња од светската карате елита, како Агаев-Азербејџан, Турчинот Еркан и други.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON